Линкови за пристапност

Промени во воениот врв на Северна Кореја


Извор од разузнавачката агенција на Јужна Кореја изјавил дека промените се направени поради тековните напори за денуклеаризација

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап пренесе дека тројца виши воени лидери во Северна Кореја биле заменети на функциите.

Цитирајќи неидентификуван извор од јужнокорејската разузнавачка агенција, Јонхап вели дека за нов шеф на одбраната е назначен Но Кванг Чол, кој го заменил Пак Јонг Сик. Ри Јонг Гил станал началник на Генералштабот на Народната армија, заменувајќи го Ри Минг Су, додека генералот Ким Су Гил ќе биде нов лидер на Генералното политичко биро на Корејската народна армија, заменувајќи го Ким Јонг Гак.

Изворот од разузнавачката агенција на Јужна Кореја за Јонхап изјавил дека промените се направени поради притисок за соработка со Јужна Кореја и САД, истакнувајќи дека тројцата претходни лидери „немале флексибилност во размислувањето“.

Промените би можеле да бидат во насока кон подготвување на војската за можен договор за денуклеаризација помеѓу лидерот Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, друг разузнавачки извор вели дека промените може да претставуваат генерациска промена во армијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG