Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави за прв пат во јавноста по повеќе од 40 дена, а државните медиуми објавија фотографија како се помага со бастум при одењето.
Официјалната корејска централна новинска агенција кажа дека Ким посетил населба и институт за науки каде им дал „упатства“, како дел од вообичаената рутина за младиот лидер.
Државната агенција КЦНА, заедно со главниот весник Родонг Синмун, објавил неколку фотографии од Ким како се смеел и се потпирал на црн бастум, што го држел со левата рака.
Ненадејното исчезнување на Ким од очите на јавноста, ги подгреа шпекулациите дека има сериозни здравствени или политички проблеми.
Лим Јае-чун, професор по севернокорејски студии на Универзитетот во Кореја, за Гласот на Америка изјави дека Пјонгјанг најверојатно ги објавил фотографиите како одговор на шпекулациите.
Севернокорејкиот лидер за кого се верува дека има 31 година го замени неговиот татко Ким Јонг Ил во 2011-та на чело на комунистичката држава.
Последен пат бил виден на концерт на 3-ти септември на неговата омилена музичка група Моранбонг Банд, што ја сочинуваат пет девојки, кои што лично ги избрал младиот Ким Јонг Ун.