Севернокорејците што работат на неформалниот приватен пазар во државата редовно се подложени на корупција и разни форми на кршење на човековите права, се вели во нов извештај на ОН.
Државниот плански систем на Северна Кореја кој се распадна во средината на 1990-тите години доведе до економска криза и до создавање на неформални комерцијални пазари во рамки на социјалистичкиот режим.
Во извештајот на Канцеларијата за човекови права на ОН се вели дека неуспехот да се озаконат овие пазари ги изложило обичните граѓани на Северна Кореја на можно апсење, судско гонење и притворање. Корумпираните, ниско платените службеници за закануваат со апсења за да изнудат мито од луѓе кои можат и се подготвени да платат.
Извештајот на ОН е заснован на интервјуа со 214 Севернокорејци кои избегале во Јужна Кореја.
Извештајот го обвинува режимот дека приоритетот става на поддршка на армијата и развивање на програмата за нуклеарно оружје наместо да води грижа за своите граѓани.
Facebook Forum