Британецот Оливер Харт и Финецот Бенгт Холмстром, се годинешните добитници на Нобеловата награда за економија за придонес во областа на договорна теорија.
Шведската кралска академија за науки соопшти дека теоријата е вредна за да се разберат договорите и институциите во реалниот живот, како и потенцијалните „замки“ во изготвувањето на тие договори.
Лауератите ќе ја поделат наградата во износ од 924.000 долари.
Следна и последна овогодишна Нобелова награда, ќе биде онаа за литература, што ќе биде обелоденета во четврток.