Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за економија


Французинот Жан Тирол ја доби наградата за истражувања на пазарот.

На Французинот Жан Тирол му е доделена Нобеловата награда за економија за истражување на моќта на пазарот и регулативата.

Кралската академија на науки на Шведска ја објави наградата од 1,1 милион долари во понеделник во Стокхолм. Беше кажано дека тој појаснил „како да се разберат и регулираат индустриите со неколку моќни фирми“.

Триесет години Тирол ги истражувал потфрлањата на пазарот и улогата на мал број големи фирми или монопол на една фирма што се доминирачки во многу индустрии.

Панелот кажа дека „оставени без регулатива, таквите пазари често произведуваат општествено несакани резултати – повисоки цени од оние што се мотивирани со трошоците, или непродуктивни фирми кои преживуваат со блокирање на влезот на други нови и попрудиктивни“.

Тирол, втор француски државјанин кој е награден годинава, е „еден од највлијателните економисти на нашето време“, кажа Академијата.

Шеесет и едногодишниот економист работи воШколата за економија во Тулуз, Франција.

XS
SM
MD
LG