Линкови за пристапност

Алис Мунро – добитничка на Нобеловата награда за литература


82-годишната Мунро е опишана како „Мајсторка на современата кратка приказна“

Нобеловиот комитет со седиште во Лондон соопшти дека Канаѓанката Алис Мунро е добитник на Нобеловата награда за литература за 2013-та.

Во соопштението за наградата Нобеловиот комитет ја нарече 82-годишната Мунро „Мајсторка на современата кратка приказна“.

Многу од приказните на Мунро се лоцирани во Канада, често на нејзината домашна територија во југозападно Онтарио.

Нејзините трудови, често проткаени со ненаметливи моменти на просветлување, се споредувани со оние на Антон Чехов, кој се смета за мајстор на кратката приказна.

Опишувајќи ја Мунро, американскиот литературен критичар Дејвид Хомел за француска новинска агенција неодамна кажа дека „таа пишува за жени, во врска со жени, но не ги демонизира мажите“.

Мунро добила многу награди за Литература, меѓу кои и три Награди на канадскиот генерален гувернер, британската меѓународна книжевна награда (Man Booker International Prize) и американската Награда О. Хенри, за континуиран успех во кусата белетристика.

Нобеловите награди за постигнувања во науката, литературата и мирот, за прв пат беше доделена во 1901 во согласност со тестаментот на пронаоѓачот и бизнисмен Алфред Нобел. Поранешни добитници на Нобеловата награда за литература се меѓу другите и Ернест Хемингвеј, Алберт Ками и Рудјард Киплинг.
XS
SM
MD
LG