Линкови за пристапност

Нобеловата награда за хемија ја делат тројца


Овогодишната престижна награда за хемија им е доделена на научниците Мартин Карплус, Мајкл Левит и Ариех Варшел.

Кралската шведска академија на науки ја фалеше нивната работа во развојот на повеќеразмерни модели на комплексни хемиски системи.

Сумата од 1,25 милиони долари ќе биде подеднакво поделена меѓу тројцата добитници.

Мартин Карплус, роден во Австрија, е професор на Универзитетот на Стразбург и на Универзитетот Харвард. Мајкл Левит е од Јужна Африка на работа на Универзитетот Станфорд и Ариех Варшел, роден во Израел, е од Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес.

Наградите за постигнувања во науката, литературата и мирот прв пат беа доделени во 1901 во согласност со тестаментот на пронаоѓачот и бизнисмен Алфред Нобел.
XS
SM
MD
LG