Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за медицина


Јапонецот Шинја Јаманака и Британецот Џон Гардон ја делат наградата за нивната работа на репрограмирање на возрасни клетки.

Јапонецот Шинја Јаманака и Британецот Џон Гардон ја делат наградата за нивната работа на репрограмирање на возрасни клетки

Текст: Нобеловата награда за медицина за 2012 е доделена на Шинја Јаманака, од Јапонија за нивната работа на клетки што поттикнуваат развој.

Добитниците на престижната награда беа објавени во понеделник во Стокхолм.

Научниците се наградени за истражување во нуклеарно репрограмирање, процес што ги инструира возрасните клетки да формираат млади клетки за развој, кои можат да се користат за формирање секаков вид на ткиво.

Јаманака е професор на јапонскиот Кјото Универзитет, додека Гардон во моментов е во Гардон Институтот во Кембриџ.

Објавувањето на добитниците за медицина е почеток на неделата на соопштување на добитници на Нобеловата награда.

Наградата за физика ќе биде соопштена во вторник, за хемија во среда, за литература во четврток и претстижната Нобелоба награда за мир во петок.

Нобеловата меморијална награда за економски науки ќе биде соопштена на 15 октомври.

Годинешниве лауреати ќе ги примат наградите во Стокхолм во декември.
XS
SM
MD
LG