ВАШИНГТОН —
Премиерот на Етиопија Абиј Ахмед ја доби годинешнава Нобелова награда за мир, за неговите напори за воспоставување мир со соседна Еритреја.
Нобеловиот комитет соопшти дека Ахмед ја добил наградата поради неговите иницијативи да стави крај на конфликтот со Еритреја, месеци од неговото доаѓање на власт во 2018 година.
Годинава имаше 301 номинација за Нобелова награда за мир, меѓу кои и за премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кои беа предложени за потпишувањето на Преспанскиот договор.
Facebook Forum