Линкови за пристапност

Двајца Американци и еден Британец се нобелови лауреати за медицина за 2020


Нобеловата награда за психологија или медицина за 2020, е доделена на научниците од САД Харви Ј. Алтер и Чарлс М. Рајс, како и на Мајкл Хогтон од Британија, за нивните „антологиски откритија“ во идентификација на вирусот хепатит Ц.

Тројцата научници „направиле уверлив придонес во борбата против хепатитот што се пренесува преку крвта, голем здравствен проблем кој предизвикува цироза и рак на црниот дроб кај луѓето во целиот свет“, рече Нобеловата комисија во соопштението.

Напредокот го повел третманот и лекувањето на хепатитот Ц во нова насока.

„Откритието на вирусот хепатит Ц ја откри причината за преостанатите случаи на хроничен хепатит“ по откритијата на вирусите хепатит А и хепатит Б, што овозможија крвни тестови и нови лекови кои спасија милиони животи“, се вели во соопштението.

Роден во 1935 во Њујорк, Харви Алтер дипломирал медицина на Школата за медицина при Универзитетот на Рочестер. Алтер работел долго време како виш истражувач во Националните институти за здравје на САД.

Мајкл Хогтон бил роден во Британија во 1950-те. Докторирал на вирологија, на Кралскиот колеџ на Лондон. Хогтон во моментов е претседавач на одделот за истражување на канадскиот Универзитетот на Алберта, меѓу другите функции и титули што ги има.

Роден во1952 во Сакраменто, Калифорнија, Чарлс Рајс добил докторат од Институтот за технологија на Калифорнија во 1981. Тој исто така работел како истражувач и професор на Школата за медицина на Универзитетот на Вашингтон. Се приклучил на Рокфелер универзитетот во Њујорк и од 2001 до 2018 бил научен и извршен директор на Центарот за проучување на хепатот Ц. Рајс сеуште е активен таму.

Овогодишната Нобелова награда за медицина е 111-та награда во категоријата што се доделува од 1901.

Секој од лауреатите ќе добие еднаков дел од 1,1 милион долари парична награда.

Нобеловите награди за физика, хемија, литература и за мир исто така ќе бидат соопштени неделава. Наградата за економски науки ќе биде соопштена следниот понеделник.

XS
SM
MD
LG