Линкови за пристапност

Американско трио ја доби Нобеловата награда за економија


Јуџин Фама, Ларс Петер Хансен и Роберт Шилер, за нивната „емпириска анализа на цените на капиталот“.

Тројца американски економисти ја добија Нобеловата награда за економија за оваа година, за нивниот труд како цените на капиталот се менуваат со текот на времето.

Кралската шведска академија на науки во денешното соопштение ги уважува Јуџин Фама, Ларс Петер Хансен и Роберт Шилер за нивната „емпириска анализа на цените на капиталот“. Академијата наведува дека иако е тешко да се предвиди цената на акциите и обврзниците на краткорочен рок од неколку недели, трудот на американското трио покажува дека е можно да се согледа курсот на подолг период, на пример во наредните три до пет години.

Фама и Хансен се професори на Универзитетот во Чикаго, додека Шилер предава на Јејл.

Шилер изјави дека често владее забуна дека финансиите се однесуваат на правење на пари, отколку на алоцирање на ресурси, што ги поттикнува луѓето и го шири ризикот. Според него, „растечката нееднаквост“ е најважниот проблем пред САД и други делови на светот денес.
XS
SM
MD
LG