Линкови за пристапност

Тројца добитници на Нобелова награда за хемија


Наградата е за постигнати резултати во подобрување на снимањето на биомолекулите

Жак Дубоче, Јоаким Френк и Ричард Хендерсон ја добија Нобеловата награда за хемија, за нивната работа за поедноставување и подобрување на снимањето на биомолекулите.

Кралската шведска академија на науките ја објави наградата денес, заедно со наградата од 1.1 милиони долари.

Научниците развија начин да генерираат тридимензионални слики од молекули, за кои Академијата вели дека биохемијата ја донеле „во нова ера“.

„Истражувачите сега можат да ги замрзнат биохемиските средства при самото движење, и да ги визуелизираат процесите што никогаш претходно не ги виделе, што е одлучувачко и за основното разбирање на хемијата во животот и за развојот на лековите“, соопшти Академијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG