Линкови за пристапност

Нобелова награда за медицина за нови откритија во терапијата за рак


Нобеловата награда за физиологија и медицина оваа година ја добија Џејмс Алисон од Универзитетот во Тексас и Тасуку Хонџо од Јапонскиот универзитет во Кјото за нивните откритија во терапијата против рак.

,,Алисон и Хонџо покажаа колку различни стратегии за спречување на недостатоците на имуниот систем можат да бидат употребени во третманот на ракот.”-посочи Нобеловото Собрание на шведскиот институт Каролинска во соопштението за доделувањето на наградата.

Наградата за физиологија и медицина е првата Нобелова награда која се доделува секоја година.

Наградите за физика, хемија и мир исто така ќе бидат прогласени оваа недела. Наградата за литература оваа година нема да биде доделена поради скандал со сексуална злоупотреба во телото кое што ја доделува наградата. Нобеловата меморијална награда за економски науки ќе биде прогласена во понеделник на 8-ми октомври.

Дел од наградата се и 1.1 милион долари.

Кои се тие?

Џејмс П.Алисон е роден во 1948 година во Алис, Тексас во САД. Докторирал во 1973 година на Универзитетот на Тексас, во Остин. Од 1974 до 1977 година бил постдокторски соработник на Клиниката и истражувачката фондација Скрипс во Ла Џола, Калифорнија.

Од 1977 до 1984 година бил соработник на Центарот за рак на Универзитетот на Тексас во Смитвил, Тексас; од 1985 до 2004 година на Универзитетот на Калифорнија Беркли и од 2004 до 2012 година на Меморијал Слоан-Кетеринг центарот за рак во Њујорк. Од 1977 до 2012 година бил истражувач на Ховард Хјуџ Медицинскиот институт. Од 2012 тој е професор во МД Андерсон Центарот за рак при Универзитетот на Тексас во Хјустон, Тексас кој што е поврзан со Паркер Институтот за имунотерапија за рак.

Тасуку Хонџо е роден во 1942 година во Кјото, Јапонија. Од 1971 до 1974 година бил научен соработник во САД на Карнеги Институтот на Вашингтон во Балтимор и на Националниот институт за здравје во Бетседа, Мериленд. Во 1975 година докторирал на Универзитетот во Кјото. Од 1974 до 1979 година бил соработник на Универзитетот во Токио и од 1979 до 1984 година на Универзитетот во Осака. Од 1984 година тој е професор на Универзитетот во Кјото, каде што беше декан од 1996 до 2000 година и од 2002 до 2004 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG