ВАШИНГТОН —
Нобеловата награда за литература годинава ја доби писателот од Танзанија Абдуларазак Гурна за неговата работа за искуството на бегалците и како колонијализмот влијаел врз африканската култура.
Шведската Академија соопшти дека Гурна ја примил наградата за неговиот „бескомпромисен и сочувствителен пробив во ефектите на колонијализмот и судбината на бегалците меѓу културите и континентите“.
Гурна бил роден во Занзибар во 1948 година. Тој пристигнал во Англија како бегалец во 1960-тите. Има објавено десет романи и бројни приказни.
Дел од информациите се преземени од Ројтерс
Facebook Forum