Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за мир


Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје e организацијата којашто го доби престижното признание за 2017-та

„Живееме во свет каде што ризикот од употреба на нуклеарно оружје е поголем отколку порано“, рече Берит Реис-Андерсен, лидер на норвешкиот Нобелов комитет, соопштувајќи го името на овогодишниот добитник.

Веста доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани на Иран и на Северна Кореја за нивните нуклеарни програми. Американскиот лидер најверојатно ќе го десертицифира договорот со Иран, спогодба што ја нарече „најлош договор воопшто потпишан“ од САД. Трамп во говорот на Генералното собрание на ОН сугерираше дека може да биде принуден „целосно да ја уништи“ Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.

„Ова е време на голема глобална напнатост, кога воинствената реторика може многу лесно да доведе до невиден хорор. Опасноста од нуклеарен судир повторно е голема. Ако некогаш имало момент нациите да искажат недвосмислено противење за нуклеарно оружје, тој момент е сега“, изјавија од Меѓународната кампања за аболиција на нуклеарно оружје, во соопштение објавено на Фејсбук.

Нобеловиот комитет кажа дека организацијата е наградена за напорите да ја крене свеста за катастрофалните хуманитарни последици од каква било употреба на нуклеарно оружје, како и за заложбите такво оружје да биде забрането.

Кампањата позната по кратенката ICAN е коалиција на невладини организации од сто држави кои промовираат почитување и имплементација на Договорот за забрана на нуклеарно оружје на Обединетите нации. Глобалниот договор беше усвоен во Њујорк на 7-ми јули 2017-та година. Договорот, меѓутоа, не ги вклучува нуклеарно вооружените држави како САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG