Линкови за пристапност

Одложена Нобелова награда за литература


Причина – скандали, што предизвикаа раздор во Академијата

Шведската академија одлучи да го одложи објавувањето на Нобеловата награда за литература за 2018-та, по скандалите со финансии и афери во највисоките рангови.

Академијата која ги избира победникот објави дека наградата за 2018-ма ќе биде доделена следната година.

Постојаниот секретар на Академијата Андерс Олсон во соопштение пренесе дека е неопходен временски период за враќање на довербата од јавноста во Академијата, пред да биде објавен следниот лауреат.

Дебата како да се постапи по скандалот врзан со познатиот француско-шведскиот фотограф Жан Клод Арнаут, главна фигура на јавниот културен живот во Шведска, кој е сопруг и на поетесата Катарина Фростенсон, предизвика голема поделба во Институцијата и меѓу 18 членови, кои имаат доживотни мандати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG