Нобеловиот институт со седиште во Норвешка прими 231 номинација за Нобеловата награда за мир во 2012-та.
Меѓу годинешните сугестии за доделување на престижната награда се Бредли Манинг, американскиот војник кој е обвинет за протекување чувствителни информации на Викиликс, руската активистка за човекови права Светлана Ганушкина и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.
Илјадници луѓе се квалификувани да поднесат номинации, вклучувајќи законодавци, универзитетски професори, поранешни лауерати и неколку меѓународни организации.
Тие имаа рок до 1-ви февруари да ги предложат кандидатите.
Победникот, кому ќе му биде врачена награда од 1,5 милиони долари, ќе биде објавен во октомври од страна на пет-члениот комитет.
Минатата година, нобеловата награда за мир ја поделија либерискската претседателка Елен Џонсон Сирлиф, либериската активистка за женски права Лејмах Гбови и активистката од „Арапската пролет“ Тавакул Карман од Јемен.