Петнаесет жени добиле Нобелова награда за мир од 1901 наваму, годината кога наградата за прв пат беше доделена.
Факти: Добитници на Нобеловата награда за мир од Африка
|
Првата беше австриската писателка и мировна активистка Берта вон Зутнер во 1905.
Годинава три жени ги споделија 1,5 милиони долари од наградата.
Претседателката Сирлиф стана првата жена избрана за претседател на Либерија, во 2006. Нејзината сограѓанка Бови е призната активистка за обединување на жените против воените профитери на земјата. Карман е јеменска новинарка и прва арапска жена што ја добила наградата.
Добитничките од 2011-та се приклучуваат на елитна група на жени добитнички.
Меѓу нив е починатата Мајка Тереза, која ја доби наградата за нејзината хуманитарна работа во 1979.
Во 1991-та добитничка беше бурманската про-демократска лидерка Ан Сан Су Чи. Иранската адвокатка за човекови права Ширин Ебади ја доби во 2003.
Кениската активистка за животна средина Вангари Матаи е последната од поново време – во 2004-та. Матаи умре во септември, по долга битка со рак.
Претседавачот на норвешката Нобелова комисија Торбјорн Јагланд вели – жените се критични за мирот:
„Не може да се постигне демократија и траен мир во светот ако жените не ги добијат истите можности како мажите за вршење влијание на развојот на сите нивоа на општеството.“
Жени исто така имаат добиено Нобелова награда во науките и литературата, со една жена што ја истражувала радијацијата Марија Кири – почестена два пати – прво за физика, а неколку години подоцна, во областа на хемијата.