Кралската академија на Шведска им ја додели Нобеловата награда за економија на двајцата американски професори „за нивните емпириски истражувања за причините и последиците во макроекономијата“.
Комисијата кажа дека добитниците развиле методи за адресирање прашања како влијае на привременото зголемување на каматните стапки или намалувањето на даноците врз економскиот растеж и инфлацијата.
Симс рече дека иако неговото и истражувањето на Сарџент било изведено во 70-те и 80-те, тој сметал дека е од есенцијално значење да „се најде излез од оваа ситуација во која се наоѓа глобалната економија“. Владите и централните банки во Европа и САД се соочуваат со сериозни проблеми како долго, невработеноста и слабиот растеж.