Линкови за пристапност

Средба Путин - Ким


Путин се заложи за денуклеаризација во фази

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека верува оти лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, може да се откаже од своето нуклеарно оружје, ако прво добие гаранции за безбедност.

Путин ова го изјави денеска, откако го одржа својот прв состанок со Ким во источниот руски град Владивосток.

На прес-конференцијата по разговорите, Путин, исто така, се заложи за фазен пристап кон денуклеаризација, во однос на која Соединетите американски држави и Северна Кореја полека преземаат чекори за градење доверба.

„Ако се движиме чекор по чекор почитувајќи ги интересите на другите, тогаш оваа цел конечно ќе може да се постигне“, рече Путин, според руската државна новинска агенција.

Северна Кореја, исто така, претпочита постепен пристап, според кој ќе се обврзе постепено да се откажува од своето нуклеарно оружје, додека Вашингтон постепено ги релаксира санкциите.

Трамп го бара она што тој го нарекува „голем договор“ во кој Северна Кореја ќе се согласи да се откаже од целата нејзина нуклеарна програма во замена за нормализирани односи со САД.

Ким кажа многу малку за време на неговиот состанок со Путин, кој вклучуваше речиси двочасовен состанок еден на еден, проширен дијалог со нивните делегации и вечера.

„Имавме искрени, суштински разговори со претседателот Путин“, рече Ким, додавајќи дека сака „зацврстување“ на односите со Русија.

Не е јасно какви безбедносни гаранции може да побара Северна Кореја во замена за откажување од нуклеарното оружје. Според руската новинска агенција Путин рекол дека се работи за „меѓународно правни“ гаранции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG