Линкови за пристапност

Нисан ќе произведува електричен автомобил во Британија


Нисан најави дека Лиф ќе биде првиот достапен електричен автомобил во светот за масовно производство, но се` уште не е објавено колку ќе чини

Автопроизводителот Нисан вели дека нивната фабрика во Британија ќе стане трета локација на која ќе се произведува новиот електричен автомобил од оваа јапонска компанија.

Автомобилот, кој ќе вози на батерии и нема да ја загадува атмосферата, се вика Лиф, и исто така ќе се произведува во фабрика во САД и во Јапонија.

Нисан најави дека Лиф ќе биде првиот достапен електричен автомобил во светот за масовно производство, но се` уште не е објавено колку ќе чини.

Производството ќе почне до крајот од годинава во Јапонија, во 2012-та во САД, а во 2013-та во фабриката на Нисан во Сандерленд, Англија.

Британија е погодена со висока стапна на невработеност и одлуката на Нисан ќе помогне да се обезбедат работни места за повеќе од 2.000 работници во фабриката во Сандерленд.

XS
SM
MD
LG