Линкови за пристапност

Научниците нашле планета што ќе го замени Плутон


Иако планетата засега не е видлива, научниците сметаат дека е десет пати поголема од Земјата

Научниците тврдат дека дошле до откритие нa нова планета што може да го замени Плутон во нашиот Сончев систем.

Астрономите на Институтот за технологија од Калифорнија, Мајк Браун и Константин Батигин велат дека се убедени оти пронашле огромна планета која е најдалеку од досегот на сончевата гравитација.

Научниците велат дека ја немаат видено планетата, но, имаат утврдено дека нешто што тие го нарекуваат „далечна необична планета“ турка наоколу мноштво помали објекти во внатрешноста на вселената. Тие знаат преку ефектите на гравитацијата, дека се работи за огромна планета, веројатно барем десет пати поголема од Земјата. Тоа е речиси големина на планетата Нептун.

Плантата за сегa нема име, но тие велат дека ако навистина постои во вселената, со телескоп ќе може да биде видлива во следните неколку години.

Перспективната планета е толку далеку што едно орбитирање на Сонцето трае повеќе од 10.000 години.

XS
SM
MD
LG