Линкови за пристапност

Најновата средба без напредок, преговорите продолжуваат


Оценка на посредникот на ОН Метју Нимиц по разговорите за спорот околу името во Њујорк

„Знаеме дека ова е мошне тешко прашање и денес немаше пресврти, но решени сме да продолжиме со разговорите во наредните месеци“ изјави посредникот на ОН Метју Нимиц на прес-конференцијата по дводневните разговори за спорот околу името во Њујорк.

Со преговарачите на Македонија и Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис покрај себе, Нимиц брифираше дека разговарале „за состојбата на преговорите, за основните прашања, за прашањето за името, за различните пристапи до решение“.

Посредникот на ОН оцени дека обете страни ја повториле искрената желба за решавање на прашањето, но рече и дека тој укажал каде е потребна поголема флексибилност за тоа.

Запрашан дали размислува да зададе краен рок за решение, Нимиц одговори со реторичко прашање - што би се случило ако се пробие рокот и какви би биле последиците? Тој рече дека е посредник, а не арбитер, како и дека е уверен дека кога-тогаш ќе дојде до решение.

XS
SM
MD
LG