Личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за разговорите меѓу Грција и Македонија реагираше на одлуката на Меѓународниот суд на правда, објавена во понеделник, во врска со привремената спогодба од 1995-та, велејќи дека таа „заслужува внимателно проучување од страна на двете влади“.
„Јас бев во комуникација со двете влади последниве денови и ги охрабрив да гледаат на ова како на можност за конструктивно размислување за нивниот меѓусебен однос и да разгледаат обновување на иницијативата за постигнување дефинитивно решение по прашањето за името“, вели Нимиц.
Тој на крајот советува дека „на овој крстопат, гледање напред наместо навраќање на разликите е начин на однесување што ќе направи да е можно постигнување на трајно решение. Јас ги информирав страните дека сум подготвен да работам со нив во најскора прилика и препорачувам интензивирање на напорите за наоѓање на трајно решение“.