Линкови за пристапност

Која е Ники Хејли?


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ја избра гувернерката на Јужна Каролина да биде следна амбасадорка на САД во Обединетите нации

Роденото име на Ники Хејли е Нимрата Рандхава. Таа потекнува од семејство на индиски емигранти и е прва жена гувернерка на Јужна Каролина. Во моментот е најмладата личност на оваа функција во САД.

Хејли е родена во Јужна Каролина и во семејната продавница за облека работела уште од 13 годишна возраст. Подоцна дипломирала на одделот за сметководство на Универзитетот Клемсон.

За прв пат влегла во политичките води на 32 годишна возраст, во 2004-та година кога се кандидирала за место во сенатот на Јужна Каролина. По добивањето на републиканските прелиминарни избори, таа лесно победи на изборите, и постана првата Американка со индиско потекло на оваа функција.

Таа објави дека ќе се натпреварува за гувернерската функција во 2009-та година, и доби поддршка од републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни и поранешната гувернерка на Алјаска, Сара Пејлин.

Од стапувањето на функцијата во 2011-та до денес, невработеноста во оваа сојузна држава, според нејзината интернет страница паднала на најниско ниво во последниве 15 години.

Хејли, доби меѓународно внимание по симнување на конфедеративното знаме од зградата на државниот Капитол на Јужна Каролина, веднаш по масовното убиство во црква во градот Чарлстон.

XS
SM
MD
LG