Линкови за пристапност

САД помагаат во потрагата по девојчињата во Нигерија


САД користат мисии со екипаж за извидување и споделиле комерцијални сателитски слики со нигериската влада.

САД имаат летало за извидување над Нигерија во напор да се пронајдат повеќе од 200 ученички кои и натаму се водат за исчезнати по киднапирањето минатиот месец.

Висок претставник на администрацијата на Обама во понеделникот кажа дека САД користат мисии со екипаж за извидување и исто така споделиле комерцијални сателитски слики со нигериската влада.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни порано во понеделникот кажа дека САД обезбедува разузнавачки податоци, набљудувачка и истражувачка поддршка.

Карни исто така рече дека претставници на Белата куќа виделе видео објавено од исламистичката милитантна група Боко Харам за кое групата тврди дека покажува десетици од киднапираните девојчиња. Тој кажа дека официјалните лица немаат причина да го поставуваат прашањето за автентичност на видеото и дека стручњаците за разузнавање внимателно го анализираат видеото за знаци што би можеле да помогнат во наоѓање на девојчињата.
XS
SM
MD
LG