Нигериската влада потврди дека се исчезнати 110 ученички од градот Дапчи, откако наводно милитанти на Боко Харам го нападанале нивното училиште минатиот понеделник.
Владиниот министер за односи со јавноста Лаи Мохамед, вели дека вкупниот број на ученички кои дошле на училиште во понеделникот изнесувал 906, и оти сега недостигаат 110 од нив.
„Отсега, па натаму полицијата и службите за заштита на граѓаните ќе осигураат големо присуство во училиштата, за да се справат со бунтовниците“, вели тој.
Додека нигериските власти водат интензивна кампања за потрага по девојчињата, родителите и заедницата стравуваат дека вакво нешто може да се случи повторно.
Истовремено, активистите за заштита на девојчињата излегоа на улиците во Лагос и Абуџа, барајќи одговор од Владата, за справување со овој проблем.
Facebook Forum