Вечерва на полноќ започнува изборниот молк. Во недела, граѓаните ќе решат кој од четворицата кандидати ќе ја добие највисоката функција во државата - претседател: Ѓорѓе Иванов - канидадат на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски - на СДСМ, Илијаз Халими - на ДПА и Зоран Поповски - на ГРОМ.
Според невладината организација МОСТ, што ја следеше изборната кампања и што ќе го набљудува и изборниот ден, во овој избирачки циклус за претседател се забележани голем број на директни контакти на кандидатите со граѓаните, наспроти поранешните циклуси, што ги одбележаа масовни митинзи.
Според МОСТ, во изборната кампања имало неправилности. Дарко Алексов, кој е на чело на организацијата, наведува дека било забележливо учеството на деца и малолетници на изборните митинзи. МОСТ забележал и користење на државни ресурси во функција на изборната кампања, тврдејќи дека тоа се случувало, пред се`, на ниво на општините, при што набљудувачите на МОСТ јавиле за користење на службени возила во функција на изборната кампања.
МОСТ наведува дека имало и други неправилности, како истакнување на партиски знамиња на бандерите во населени места и на други јавни објекти, што, според организацијата, се коси со изборните правила.
МОСТ преку 28 регионални координатори во недела ќе го следи гласачкиот процес, по што ќе информира за забележаното.