Линкови за пристапност

Вашингтон Редскинс го менува името

Клубот во американската лига Вашингтон Редскинс (црвенокожци) денеска ќе го смени името, се тврди во повеќе извештаи.

„УСА Тудеј“, „Ес-Пи-Ен“, весникот „Вашингтон пост“ и „Спортс бизнис журнал“ објавија дека сопственик Дан Снајдер и организацијата ќе го објават овој потег на две недели пред почетокот на тренинг-кампот.

Не е јасно кога ќе се открие новото име за една од најстарите франшизи во лигата.

Тимот започна „темелно да го разгледува“ името на 3 јули откако неколку истакнати спонзори повикаа на промена.

Критичарите подолго време бараат промена на името, кое се смета за расна навреда за домородните Американци.

This item is part of
XS
SM
MD
LG