Линкови за пристапност

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Њујорк


И покрај настанот во кој беа убиени осум лица, во Њујорк во недела ќе се одржи маратон според планот.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Њујорк, и кажа дека Сајфуло Саипов, 29-годишниот узбекистански имигрант кој во неделата уби осум лица во Њујорк со камион, е нејзин член.

Терористичката организавија за неделниот весник Ал-Наба, изјавила дека напаѓачот бил еден од „војниците“, но не даде никакви докази во поддршка на тврдењето.

За загинатите во нападот на велосипедската патеката во Њујорк, во четвртокот вечерта беше одржано бдение и марш.

Напаѓачот по нападот беше уапсен и хоспитализиран, каде властите велат дека искажал приврзаност кон Исламската држава и побарал да му биде дозволено да има знаме на ИСИС во неговата болничка соба. Барањето му било одбиено.

Во недела во Њујорк ќе се одржи маратон со повеќе од 50 илјади учесници и стотици илјади посетители. Њујоршката полиција најави засилено обезбедување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG