Њујорк воведе задолжителен карантин од 14 дена за влез на граѓани од осум сојузни држави.
Гувернерот Ендрју Куомо кажа дека овој услов ќе важи за Алабама, Аризона, Арканзас, Флорида, Северна Каролина, Јужна Каролина, Тексас и Јута, каде изминативе недели има зголемен број на заразени со коронавирус.
Ваква обврска воведоа и соседните сојузни држави Њу Џерси и Конектикат.
Овие најави се случија во ист ден кога САД регистрираа повеќе од 36.000 нови случаи, што претставува највисок број на заразени во еден ден од април.
Според универзитетот Џонс Хопкинс, САД се први во светот, и по број на заразени, односно повеќе од 2.3 милиони лица, и по број на смртни случаи, или речиси 122.000 починати.
Светската здравствена организација (СЗО) рече дека бројот на заразени со КОВИД-19 во светот би можел да достигне 10 милиони лица наредната недела, што претставува потсетник дека и покрај истражувањата да се направи вакцина, треба да се преземе итна одговорност да се спречи ширењето на вирусот, како и да се заштитат животите, со мерките што сега се расположливи.
Facebook Forum