Линкови за пристапност

Профил на Њут Гингрич - поранешен спикер на Претставничкиот дом


Тој беше предводник на „Републиканската револуција“ во 1994-та, но поднесе оставка на функцијата заради истрага по обвиненија за етика

За време на мандатот на Бил Клинтон во 1994-та, Њут Гингрич беше дел од таканаречената Републиканска револуција, што за прв пат во 40 години, на партијата и` даде контрола во Претставничкиот дом. Тој беше избран за спикер на Претставничкиот дом и беше познат по настојувањето за донесување пакет-закони меѓу кои, балансиран буџет и даночни олеснувања за средната класа.

Но, неговата популарност почна да опаѓа во 1995-та година, кога одби да дојде до компромис со Клинтон околу прашањето за буџетот. Партиските несогласувања околу трошоците на земјата, резултираа со два делумни прекина на работата на Владата.

Во 1998-та, Гингрич вршеше притисок за импичмент на Клинтон и негово отстранување од функцијата, откако беше обвинет дека лажел пред големата порота во врска со вонбрачната афера со стажантката во Белата куќа, Моника Луински, и опструкција на правдата. Клинтон подоцна беше ослободен од обвиненијата.

Гингрич се соочи со прашања за неговите сопствени активности во 1999-та година, кога се најде под истрага од Комисијата за етика на Претставничкиот дом за тоа дали несоодветно ги употребил донациите за даночни олеснувања. Тој е единствен спикер на Претставничкиот дом врз кого се применети дисциплинарни мерки за прекршување на етиката, по што морал да плати казна од 300.000 долари. Контроверзата резултираше со негова оставка во 1999-та. Гингрич претходно беше конгресмен од Џорџија уште од 1979-та.

По Конгресот, тој бил ангажиран како телевизиски коментатор, политички консултант, а автор е и на неколку книги.

Во 2012-та беше претседателски кандидат од редовите на Републиканската партија, освојувајќи ги прелиминарните избори во Џорџија и Јужна Каролина. Сепак, во мај истата година, се откажа од кампањата.

Седумдесет и три годишниот политичар изминативе неколку месеци јавно јај поддржува кандидатурата на најверојатниот републикански претседателски кандидат, Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG