Линкови за пристапност

Гингрич 2012


Гингрич 2012
Гингрич 2012

Поранешниот спикер на американскиот Претставнички дом Њут Гингрич изминатава недела индицираше можност за кандидирање за претседателска номинација следната година.

За време на посетата во неговата домашна сојузна држава Џорџа, поранешниот претставник и спикер на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, на новинарите им кажа дека е во рана фаза на истражување на можноста за кандидирање за претседателска функција следната година.

„Многу сме сериозни за ова“, кажа тој, „и многу методично ќе ја изработиме рамката за нашиот следен потег. Мислиме дека е клучно граѓаните да разберат дека ова значи многумина од нас дека ќе работат заедно долго време“.

Потенцијалните претседателски кандидати често преземаат рани чекори за проценка на јавната поддршка за натпреварот за Белата куќа и за потенцијалот за собирање пари потребни за кампањата, што е клучен услов во претседателските кампањи.

Њут Гингрич е поранешен претставник од Џорџа кој стана национална политичка фигура во 1990-те, откако помогна републиканците да ја преземат контролата во претставничкиот домза прв пат во 40 години во 1994.

Гингрич стана спикер во 1995 и подоцна се судри со тогашниот демократски претседател Бил Клинтон во врска со владините трошоци. Тој судир доведе до последното затворање на федералната влада во 1995 и 1996.

Гингрич го напушти местото во Конгресот во 1998, откако републиканците претрпеа губиток на изборите на половина на мандатот на претседателот истата година. Оттогаш Гингрич напиша книги, настапуваше со говори во јавноста и се појавуваше како политички коментатор на телевизијата.

Гингрич е популарен кај многу републиканци и многу е препознатлив, што се два фактори што може да му помогнат во, како што се очекува, мошне згуснатото поле на кандидати следната година.

Но, според политичкиот аналитичар од Квинипек универзитетот, Питер Браун, Гингрич е поларизирачка фигура за многу Американци:

„Неговиот рејтинг не е многу добар. Гласачите не го гледаат во многу поволна светлина, но не и во многу неповолна светлина. Сеќавањето за него не е нето позитивно“.

Полето на републикански кандидати бавно се формира. Тоа е голема разлика од изборниот циклус во 2008, кога практично сите поголеми кандидати ги објавија своите кандидатури до ова време.

Анкетите покажуваат дека меѓу најпопуларните потенцијални републикански кандидати се гувернерот на Масачустс Мит Ромни, поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, поранешната гувернерка на Аљаска Сара Пејлин и Њут Гингрич.

Но,меѓу нив не може да се издвои една личност што јасно доминира за добивање на номинацијата.

XS
SM
MD
LG