Линкови за пристапност

Досега шест мртви при ерупцијата на вулкан во Нов Зеланд


Надлежните најавија можна нова ерупција во текот на утрешниот ден

Шест туристи го загубија животот при вчерашната ерупција на вулкан во Нов Зеланд.

Полицијата соопшти дека осум други се водат за исчезнати, а најмалку 31 лице е повредено.

Надлежните велат дека најмалку 27 преживеани се третираат од изгореници на нивните тела од над 70 проценти.

Поради условите на островот, спасувачките тимови не можат да се вратат и да трагаат по можни други преживеани.

Сеизмолошката агенција вели дека шансите се 50 проценти оти утре ќе се случи нова ерупција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG