Нов Зеланд ќе почне постепено да ги олеснува рестрикциите, кои беа воведени за да се спречи ширењето на КОВИД-19.
Премиерката Џасинда Ардерн, денес најави дека дел од бизнисите, како трговски центри, кина, ресторани, игралишта и сали за вежбање, ќе бидат отворени в четврток, како дел од втората фаза на олабавување на мерките против коронавирусот.
Училиштата, пак, ќе бидат отворени на 18 мај, а баровите ќе останат затворени до 21 мај.
Строгите мерки за социјално дистанцирање ќе останат во сила и понатаму, а ќе бидат затворени и границите на државата за влез на странски државјани.
Ардерн рече дека Владата ќе го следи статусот на втората фаза две недели, по што ќе одлучи дали ќе продолжи со олеснување на другите рестрикции.
Справувањето на Нов Зеланд со пандемијата доби меѓународни пофалби.
Вкупниот број на заразени во државата изнесува 1.147 лица, како и 21 смртен случај.
Facebook Forum