Линкови за пристапност

Прекината потрагата по телата на две жртви од ерупцијата на Нов Зеланд


Властите на Нов Зеланд ја прекинаа потрагата по две тела на жртви од смртоносната вулканска ерупција на еден од двата главни острови во државата пред еден месец.

Полицијата соопшти дека потрагата не довела до нови резултати.

За време на ерупцијата на вулканот 47 лица се наоѓаа на островот. Во ерупцијата на 9-ти декември првично животот го загубија 13 лица, додека дваесеттина беа хоспитализирани со сериозни изгореници од кои дел починаа подоцна.

Со ова бројот на жртви се искачи на 19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG