Линкови за пристапност

Опасноста од нова ерупција ја одложува потрагата на Нов Зеланд

Официјални претставници на Нов Зеланд соопштија дека заканата од нова ерупција ја одложува потрагата по настраданите на Белиот остров два дена по ерупцијата на вулканот.

Шест лица загинаа во понеделникот, при што уште девет се водат како исчезнати, а десетици се повредени откако вулканот на островот еруптираше исфрлајќи врела пареа и пепел.

Вулканолозите предупредуваат дека шансите за нова ерупција во наредните 24 часа се 40% до 60%.

Преживеаните со екстремни изгореници ќе бидат подложени на хируршки операции. Од САД ќе се испорача кожа потребна за пресадување и лекување на пациентите.

This item is part of
XS
SM
MD
LG