Најмалку пет лица загинаа, а 20 се повредени откако денеска започна да еруптира вулканот на северниот остров на Нов Зеланд, еден од двата главни острови во државата.
Во изјава за новинарите во главниот град Велингтон, заменик комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Џон Тимс, ги потврди жртвите и рече дека бројката веројатно ќе се зголеми, бидејќи сè уште како исчезнати се водат неколку лица.
Тим рече дека полицијата не е сигурна за точниот број на луѓе кои сè уште се наоѓаат на островот.
Тој рече дека тие се со различна националност, а некои биле туристи од бродот за крстарења Royal Caribbean International.
Тим посочи дека островот е сè уште премногу опасен за полицијата и спасувачите да ги бараат исчезнатите. Повеќето од 18 преживеани се повредени, а некои се со сериозни изгореници. Тие се хоспитализирани во околните болници.
Facebook Forum