Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн најави истрага за нападот врз двете џамии при кој беа убиени 50 лица.
Целта на истрагата ќе биде не само што се случило, туку и како може да се спречат идни вакви ситуации.
„Важно е да не остане ништо непроврено што ќе доведе до откривање на тоа како се случи овој терористички напад“, рече таа.
Ардерн нагласи дека независната истрага ќе биде насочена кон анализа на напаѓачот и на неговите претходни активности, достапноста на полуавтоматското оружје во Нов Зеланд, улогата на социјалните медиуми, како и работата на полицијата и разузнавачките агенции пред нападот.
Таа не кажа кога треба да заврши истрагата, но, оти ќе биде потребно време да се заврши соодветно.
Facebook Forum