Премиерката на Нов Зеланд соопшти дека нејзиниот кабинет донесол одлука за реформа на законот за оружје, по масакрот во Крајсчрч, Нов Зеланд.
„Нови детали ќе бидат соопштени за медиумите и јавноста пред повторната средба на кабинетот следниот понеделник“, рече премиерката Џесинда Ардерн. „Ова значи дека во рок од 10 дена од овој ужасен акт на тероризам, ќе објавиме реформи, со кои се надеваме дека нашата заедница ќе биде безбедна.“
„Оваа одлука ја донесовме на ниво на кабинет. Обединети сме“, рече премиерката.
Таа појасни дека телата на 50-те загинати во нападот ќе бидат вратени на нивните семејства до среда, така што ќе можат да бидат погребани според муслиманската традиција.
Посочи дека експерти за идентификација од Австралија помагаат во процесот на идентификување на шест жртви.
Заменик-полицискиот комесар Воли Хаумаха изјави дека неговата канцеларија оствари средба со лидерите на муслиманската заедница со цел да им го објасни долгиот процес на обдукција неопходен за кривична истрага, бидејќи традиционално во исламот телото се погребува во рок од 24 часа по смртта.
Имињата на жртвите не се јавно објавени, иако за прелиминарните листи се известени роднините на жртвите.
Единствен обвинет за нападот е 28 годишниот австралијанец Брентон Харис Тарант, кој е веќе притворен.
Facebook Forum