Линкови за пристапност

Њујорк има респиратори за шест дена, вели гувернерот Ендрју Куомо


Доколку бројот на случаи на КОВИД-19 порасне во тој временски рок државата може да се соочи со недостиг на респиратори

Гувернерот на Њујорк денеска изјави дека неговата држава има доволно респиратори за околу една недела, бидејќи бројот на потврдени случаи на коронавирус таму е 100.000.

„Според моменталната брзина на раст на бројот на заболени, имаме респиратори за околу шест дена во нашите залихи“, изјави гувернерот Ендрју Куомо. „Значи, ако се работи за стапката на употреба, стапката на луѓе кои доаѓаат во болниците и на кои им треба респиратор, доколку продолжи таа стапка, на залиха имаме респиратори за околу шест дена“.

Тој предупреди дека доколку бројот на случаи на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот, порасне во тој временски рок, или ако предвидениот број случаи ги надмине проекциите или трае подолго, државата може да се соочи со недостиг на респиратори.

Државата ги откажа и сите неитни операции со цел растоварување на постојните респиратори.


Гувернерот работи со својот тим на набавка на 30,000 респиратори за неговата држава од 19,5 милиони луѓе. Половина од нив ќе бидат испратени во Њујорк, каде се околу 60% од случаите на заболени од вирусот на државата. Како и да е, со зголемувањето на побарувачката на респиратори во светски рамки, тешко е да се добие потребниот број доволно брзо.

Њујорк се обидува и на креативен начин да го подобри сегашното снабдување со респиратори - дозволувајќи нивно преправавање за да можат да бидат приклучени по двајца пациенти истовремено на еден респиратор, како и прилагодување на уреди за анестезија и BiPap машини, кои што исто така можат да ги снабдуваат со воздух белите дробови на пациентите. Државата ги откажа и сите неитни операции со цел растоварување на постојните респиратори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG