Линкови за пристапност

Хакерски напад врз Њујорк тајмс


Интернет-страницата не е достапна поради Сириската електронска армија или некој кој се претставuва како неа, наведува весикот.

Интернет-страницата на Њујорк тајмс по вторпат месецов стана жртва на хакерски напад.

Весникот соопшти дека страницата не е достапна поради напад на Сириската електронска армија или некој кој се обидува да се претстави како таа организација.

Сириската електронска армија е Интернет-групација која го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад. Нешто порано месецов, Армијата презеде одговорност за хакерските напади врз Њујорк тајмс и Вашингтон пост, а се обиде и да ги нападне Си-Ен-Ен и Фајненшал тајмс.

Тајсм вчера објави дел од новинската содржина преку својата страница на Фејсбук.
XS
SM
MD
LG