Линкови за пристапност

Прелиминарните избори во Њујорк низ бројки


Трамп и Клинтон водат во анкетите

Денес њујорчаните гласаат во републиканските и демократските претседателските прелиминарни избори.

Избирачките места затвораат во 9 часот попладне.

Вкупен број на делегати:

Кај демократската партија: 247

Кај републиканската партија: 95

Број на освоени делегати досега:

Републиканци:

Доналд Трамп: 743

Тед Круз: 545

Џон Кејсик: 143

Демократи:

Хилари Клинтон: 1,761

Берни Сандерс: 1.073

Потребен број на делегати за освојување на номинацијата:

Кај демократската партија: 2.383

Кај републиканската партија: 1.237

Правила на гласањето: изборите во Њујорк се „затворени“ - што значи само регистрирани демократи може да гласаат на демократските прелиминарни избори. Истото правило важи на републиканското гласање, само регистрираните републиканци можат да гласаат на изборите во републиканската партија.

Нерегистрираните гласачи: Околу 3,2 милиони гласачи во Њујорк не се регистрирани со ниту една партија. Тие нема да бидат во можност да гласаат на демократските или на републиканските избори.

Последни политички анкети:

Кај демократската партија: Анкета од „Ен-Би-Си“, „Вол стрит џурнал“ и „Марист“ спроведена на 14 април покажува водство на Хилари Клинтон со 17 проценти пред Берни Сандерс. 57 проценти популарност на Хилари Клинтон наспроти 40 проценти популарност кај Берни Сандерс.

Кај републиканската партија: Анкета направено од страна на „Ен-Би-Си“, „Вол стрит џурнал“ и „Марист“ спроведена на 16 април покажува водство на Доналд Трамп со 29 проценти во однос на најблискиот ривал Џон Кејсик и 38 проценти предност пред Тед Круз. 54 проценти од испитаниците го претпочитаат Трамп, 25 проценти од анкетираните искажале поддршка за Кејсик, и само 16 проценти за Круз.

Следните прелиминарни избори се закажани на 26-ти април во Конектикат, Делавер, Мериленд, Роуд Ајленд и Пенсилванија.

Националната демократска конвенција е закажана за 25-28 јули во Филаделфија.

Националната републиканска конвенција е закажана за 18-21 јули во Кливленд, Охајо.

Претседателските избори се закажани за 8 ноември.

XS
SM
MD
LG