Линкови за пристапност

Животот во Њуjорк по 11-ти септември


Петнаесет години по терористичките напади што се случија на 11ти септември, жителите на Њуjорк се сведоци на преродбата на Менхетен.

Светскиот трговски центар е на местото каде порано беа кулите блзиначки. Дури и повисок од кулите, комплексот претставува симбол на издржливоста на градот. Сепак, жителите и туристите се согласни дека градот никогаш нема да биде ист како порано.

„Мислам дека светот во целина веќе не е безбеден како порано, дури мислам дека е полошо сега“, вели Крестер Јохансом, посетител од Шведска.

„Каде било да одам се чувствувам безбедно, за жал вакви работи може секаде да се случат“, смета Нарајан Рамакришнан од Австралија.

Во музејот посветен на овој ден, посетителите може да го видат белегот што терористичкиот напад го остави на светот, истовремено оддавајќи им почит на жртвите и претставувајќи го начинот на реставрација.

Директорката на музејот вели дека на овогодишниот јубилеј напредокот е очигледен.

„Имаме фасцинантни нови кули. Уште три нови кули се во изградба, нов транспортен центар и прекрасен споменик во центарот, така што ова место сега претставува место на комеморација и на живот“, вели директорката на Музејот.

Изградбата ќе продолжи и по завршувањето на последната кула. Секој жител кој бил тој ден во Њу Јорк во 2001-та, ако го прашате за 11-ти септември, веднаш рефлектира на сликите од тој кобен ден.

„Имаше луѓе кои работеа во тој дел од градот и дојдоа да си ги земат децата од училишта, беа целите покриени со малтер“, вели Флора Мацарело, пензионирана наставничка.

„Се сеќавам на мирисот од метрото и не знаев од каде доаѓа. Имаше продавници кои беа затворени, поради расипаната храна. Едно време си мислевме - што ако тоа е всушност мирис на мртви тела?!“, се сеќава Антони Диксон, поранешен жител на Њујорк.

Во близина на Светскиот трговски центар има и градина, каде порано имаше затвор. Бетси Рандолф гледа метафора во тоа.

„Опкружена сум со сета оваа убавина и сјај, но тоа е само сведоштво на она што порано беше, а видете до каде стигнавме“, вели Рандолф.

Градината е оаза каде Њу Јоркчани може да најдат мир и тишина. Но дури и во потивките делови од градот, жителите се со поделени ставови околу прашањетo за својата безбедност.

Ариел Корал смета дека се држава со високо ниво на безбедност и дека некој е одговорен за тоа. „Има некој невидлив кој се грижи за нас“, вели таа.

И покрај нивните грижи и различност, голем број на Њујорчани кои го преживеаја кобниот ден, се согласни во едно нешто - не постои друго место каде би сакале да бидат.

XS
SM
MD
LG