Линкови за пристапност

Силна експлозија во Њујорк, двајца мртви


Експлозија во Њујорк
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:15 0:00

Експлозија во Њујорк

Срамнети две станбени згради во Харлем, најмалку 18 повредени.

Две жени загинаа, а најмалку 18 други лица се повредени во силната експлозија во Њујорк што денес срамни со земја две станбени згради.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио кажа дека извесен број лица се` уште се водат како исчезнати, но тоа не мора да значи дека во моментот на експлозијата се наоѓале во зградите.

Експлозијата во Харлем одекна утрово, кусо време откако еден жител во непосредна близина пријавил дека мириса на природен гас. Компанијата Консолидајтед Едисон, која е надлежна за доставата на гас во тој дел на градот, испратила две екипи на местото, но тие пристигнале непосредно по експлозијата. Портпарол на компанијата не сакаше да шпекулира дали причината за експлозијата е протекување на гасот.

Преку 200 пожарникари учествуваа во гасењето на пожарот што изби по експлозијата.
XS
SM
MD
LG