Линкови за пристапност

Обид за терористички напад во Њујорк


Ова денеска го изјави градоначалникот Бил Де Бласио, а властите потврдија дека напаѓачот е по потекло од Бангладеш, којшто живеел во Бруклин

Њујоршката полиција соопшти дека едно лице е приведено по денешната експлозија на автобуска станица на Тајмс сквеар. Градоначалникот Бил де Бласио актот го нарече обид за терористички напад.

Сторителот е идентификуван како 27-годишен Акајед Улах, по потекло од Бангладеш кој живеел во Бруклин. Тој имал импровизирана, несофистицирана експлозивна направа закачена за телото. Улах бил повреден откако ја активирал бомбата, а надлежните рекоа дека повредени се и три други лица, кои биле во непосредна близина, но се надвор од животна опасност.

Истрагата продолжува, а Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп е брифиран за случувањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG