Линкови за пристапност

Претседателот Трамп бара укинување на програмата за „зелена карта“


Тој истакна дека притоа сака да соработува со Конгресот. Токму со таа програма осомничениот напаѓач во Њујорк влегол во земјата

Терористичкиот напад во Њујорк за кусо време стана политичко прашање, откако претседателот Доналд Трамп ја обвини програмата за виза, којашто му овозможила на осомничениот напаѓач Сејфило Саипов да дојде во САД, а американскиот правен систем го нарече „шега“, заради тоа што процесирањaта се одвиваат пребавно.

Трамп истакна дека сака да соработува со Конгресот за да ја укине програмата за имиграциона лотарија.

Коментарите резултираа со критика од демократите, кои кажаа дека претседателот избрзал со политизирање на трагедијата, во време кога агенциите за спроведување на законот се обидуваат да дојдат дознаат што всушност се случило.

Утрово, Трамп исто така преку Твитер истакана дека, „терористот во нашата земја дошол со Програмата за виза преку лотарија, критикувајќи го демократот Чак Шумер како нејзин поддржувач и потенцирајќи дека тој се залага за слична програма, но базирана на заслуга.

Шумер одговори, обвинувајќи го претседателот за „политизирање и за поделби на Америка, што се чини секогаш го прави во време на национална трагедија“. Тој додаде дека „отсекогаш верувал и продолжува да верува дека имиграцијата е добра за Америка“.

Имиграционата лотарија е дел од американската легислатива од 1990-та година, којашто Шумер, тогаш дел од Претставничкиот дом, ја поддржал заедно со други 25 демократи и шестмина републиканци.

Инцидентот во Њујорк важи за најсмртоносен терористички напад во овој град, од 11-ти септември 2001-та година, наваму. Во нападот на Менхетен загинаа 8, а повредени се најмалку 13 лица. Според надлежните органи, напаѓачот за актот се подготвувал неколку недели.

Комесарот на њујоршката полиција, Џејмс О`Нил, изјави дека во 15 часот и 5 минути по локално време, лице со изнајмен „пикап“ камион, влетало во преполна велосипедска патека. Претходно, камионот се судрил и со училишен автобус, при што биле повредени четири лица, од кои две биле деца.

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, кажа дека осомничениот бил радикилазиран на домашно тло, а властите на неговиот комјутер нашле материјал поврзан со ИСИС. Куомо го нарече „напад на волк-самотник“ и дека нема докази дека станува збор за поширок заговор.

Претходно, властите соопштија дека осомничениот за нападот е идентификван како 29-годишен Сејфуло Саипов, по потекло од Узбекистан, којшто во САД дошол во март, 2010-та година.

Претседателот на САД Доналд Трамп, синоќа преку Твитер кажа: „Не смееме да дозволиме ИСИС да се вратат или да влезат во нашата земја, откако ги поразивме на Блискиот Исток и насекаде. Доста е".

Тој му нареди на Одделот за домашна безбедности да ги интензивира и онака ригорозните проверки.

Гувернерот на Њујорк, Ендју Куомо, твитер-пораките за претседателот кажа дека не помагаат.

Засега нема официјално преземање на одговорноста од страна на Исламската држава, но експертите сугерираат дека се чини оти напаѓачот бил инспириран од терористичката организација.

Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијојев, издаде соопштение во кое нападот го нарече ужасен и безмилосен, додавајќи дека неговата влада е подготвена да помогне во истрагата, во секоја смисла на зборот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG