Линкови за пристапност

Најмалку осум жртви во напад во Њујорк


"Од она што знаеме во моментов, ова е терористички акт, кукавички терористички акт, насочен кон невини цивили", истакна градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио

Според најновите информации, најмалку осум лица загинале, а околу 11 се повредени, кога возач на мини-камион влетал во велосипедска патека, а според очевидците, при обидот да избега, бил ранет и се наоѓа во притвор.

Властите соопштија дека осомничениот за нападот е идентификван како 29-годишен Сејфуло Саипов, по потекло од Узбекистан.

Претседателот Доналд Трамп преку Твитер кажа: "Не смееме да дозволиме ИСИС да се вратат или да влезат во нашата земја, откако ги поразивме на Блискиот Исток и насекаде. Доста е".

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG