Линкови за пристапност

7.000 полицајци за мирен дочек на Нова година во Њујорк


Подготвени се и тешки камиони за блокирање на пристапот до Тајмс Сквeр

Официјални лица на Њујорк изјавија дека за дочекот на Нова година биле подготвени тешки камиони за зголемување на безбедноста, а ќе биле распоредени и 7.000 полицајци.

Камионите и другите возила ќе бидат искористени за блокирање на пристапот до Тајмс Сквер.

Официјалните лица велат дека и покрај тоа што нема конкретни закани за прославата, мерките се преземаат како резултат на другите терористички напади во светот.

„При правењето план за оваа година, посветивме големо внимание на светските настани, и научивме од нив“, рече Карлос Гомез од Њујоркшката полиција.

Повеќе од два милиони луѓе се очекува да го следат спуштањето на новогодишната топка во Менхетн.

XS
SM
MD
LG