Луѓето ширум светот се собираат на традиционални прослави за да ја пречекаат новата 2020 година.
Жителите на Нов Зеланд и другите пацифички острови беа меѓу првите што ја прославија новата година со спектакуларни огномети.
Прославите на други места во светот се засенети од поголеми грижи, вклучително и во Австралија каде традиционалниот огномет се одржа во Сиднеј, но другите градови во земјата ги откажаа огнометите поради стравување дека тоа ќе ја влоши кризата со шумските пожари.
Во Хонг Конг, вообичаеното шоу проследено со огномет беше откажано поради, како што соопштија официјалните претставници, загриженост за безбедноста во градот каде веќе со месеци има протести.
Новогодишни прослави ќе се одржат во поголемите градови како Берлин, Дубаи, Лондон и Њујорк.
Facebook Forum